J.A.T. template series was designed 2006 by 4bp.de: www.4bp.de, www.oltrogge.ws
За ИМОР

Active Image

 

 

ИМОР реализира обуки за наставниците од средните и основните училишта во рамките на Проектот за модернизација на образованието.

  

Интерактивна  мрежа за образование  и  ресурси - ИМОР е организација чија трајна определба е подготвување и оспособувањето  на  младите  луѓе  за  предизвиците на современото општество во духот на меѓукултурното  разбирање  и соработка,   граѓанско   општество   и   демократија   преку   проектна  и истражувачка работа, со  користење  на  компјутерска  и комуникациона технологија и отворање на нови хоризонти во соработката со млади луѓе и едукатори од целиот свет.

ИМОР  го воведе концептот на проектно базирано учење, on-line колаборативно учење и интерактивно on-line учење во образованието во Република Македонија уште од 2000 година и тековно работи на што поголемо ширење на овој пристап во образованието кај нас. Со тоа ги прави пионерските чекори во оваа сфера во нашата држава, ги следи светските трендови и го доближува образованието до Европските стандарди кон кои се стреми нашето образование.

ИМОР  оформува  мрежа   од   луѓе   кои   комуницираат   интернационално, разменуваат искуства, ги ценат другите култури, се отворени за соработка, ги премостуваат границите  и бариерите кои за другите се непремостиви со посредство  на  компјутерските  и  комуникационите  технологии.  На таков начин, се  градат  глобални  граѓани  за  кои  космополитизмот  е  нормално секојдневие.

ИМОР остава значајна трага и печат со својата работа во Република Македонија и ја промовира Република Македонија на интернационално ниво со своите постигнувања.

Active Image
Active Image  Со влегувањето во финале на значајни интернационални натпревари во конкуренција на стотици проекти од сите континенти и освојувањето на прва награда на престижниот Global Junior Challenge во Рим 2004 година и со другите успеси кои ги постигнува на интернационалната арена, ИМОР го потврдуват својот квалитет и предаденост во работата.

 

Active Image

 


 

 
J.A.T. template series was designed 2006 by 4bp.de: www.4bp.de, www.oltrogge.ws