ИМОР

МЕЃУНАРОДНИ НАГРАДИ
Златната награда eLearning Awards 2007 за проектот Заеднички вредности.
Првата награда на Global Junior Challenge 2004, Рим за проектот Младите имаат збор против тероризмот.

Банер за 10 години постоење
 

За ИМОР

article 1

ИМОР ја освои златната награда на престижниот натпревар eLearning Awards 2007 за проектот Заеднички вредности

Проектот Младите имаат збор против тероризмот ја освои првата награда на интернационалниот натпревар во категорија за млади до 18 години на Global Junior Challenge 2004, Рим.

Интерактивна мрежа за образование и ресурси - ИМОР е организација чија трајна определба е подготвување и оспособувањето на луѓето од различни заедници во духот на меѓукултурно разбирање и соработка, граѓанско општество, демократија, активно вклучување и плурализам, промовирање на недискриминација и еднакви можности;

развој на позитивно опкружување во кое се почитуваат човековите права, правото на вработување, едукација, правата на маргинализираните, исклучените и хендикепираните, ранливите групи, фамилии, групи со ризик и поддршка при нивна инклузија во општеството со користење на позитивни практики на ЕУ и пошироко.

ИМОР оформува мрежа од луѓе кои комуницираат интернационално, разменуваат искуства, ги ценат другите култури, се отворени за соработка, ги премостуваат границите и бариерите кои за другите се непремостиви со посредство на компјутерските и комуникационите технологии. На таков начин, се градат глобални граѓани за кои космополитизмот е нормално секојдневие.

ИМОР остава значајна трага и печат со својата работа во Република Македонија и ја промовира Република Македонија на интернационално ниво со своите постигнувања.

Со влегувањето во финале на значајни интернационални натпревари во конкуренција на стотици проекти од сите континенти, освојувањето на прва награда напрестижниот Global Junior Challenge во Рим 2004 година, златна награда нанатпревар eLearning Awards 2007и со другите успеси кои ги постигнува на интернационалната арена, ИМОР го потврдуват својот квалитет и предаденост во работата.

Општи податоци

Име: Здружение на граѓани “Интерактивна мрежа за образование и ресурси”, Битола - ИМОР.

повеќе...

 

Мисија

Мисијата на ИМОР е оспособување на младиот човек во духот на меѓукултурно разбирање и соработка, граѓанско општество и демократија...
повеќе...

 

Активности

Работа со млади, граѓанско општество, образование, меѓуетеничко разбирање, човекови права, екологија...
повеќе...

 

  • ИМОР
    членува во домашни и меѓународни формални мрежи како автономна и рамноправна членка:

     лого за 25. годишница на iEARN.

    Од 1988 година, глобалната мрежа на iEARN едукатори, млади, координаторите и поддржувачи работи на изградбата на глобална соработка во која сега се активни повеќе од 40.000 училишта и младинските организации во 140 + земји. Денес, повеќе од 2.000.000 студенти секој ден се ангажирани во iEARN во работа на проекти - учење заедно, и работат заеднички за да дадат значаен придонес за здравјето и благосостојбата на планетата и нејзините луѓе.

  • Невладини организации

     

    • Размена на информации: Фондација ИООМ Скопје, Институт за трајни заедници,Македонски центар за меѓународна соработка, Институт за меѓународна соработка.
    • Активна комуникација: Caretakers of the Environment International , Унија на средношколци на Македонија.
    • Соработка на заеднички проекти: Друштво за заштита на животните "Срна" Скопје ; Колегиум Битола; Биосфера Битола ; Гардијан Битола; Граѓански патеки од Битола; Членки на коалицијата Мозаик; Членки на коалицијата Доста е; Catholic Relief Services - Macedonia ; iEARN International ; Happy Fultz Албанија; Младински независни иницијативи, Албанија; Младински центар Приштина, Косово; Гимназија Крушевац, Србија; Фондација за образование, наука и култура, Софија, Бугарија; училиште "Thimi Marko", Корча, Албанија.
  • Владини

     

    • Размена на информации: Министерство за образование и наука
    • Активна комуникација: Агенција за млади и спорт, Национална комисија на УНЕСКО за Македонија
    • Соработка на заеднички проекти: Национална комисија на УНЕСКО за Македонија,Единица на локална самопурава Битола, Агенција за млади и спорт, Биро за развој на образованието.

     

    Приватен и јавен сектор

     

    • Размена на информации: Македонски Телекомуникации, МТнет, LDK Consultants, Министерство за финансии, Претседателски кабинет.
    • Соработка на заеднички проекти: Македонски Телекомуникации, МТнет.

Прирачник

  прирачник за граѓанско општество

Материјали

ИМОР нуди материјалите/ресурси подготвени од страна на ИМОР и iEARN кои можат да се користат за стручно и професионално усовршување и развој со означување на сопственоста.
За да пристапите до материјалите треба да се најавите/регистрирате.

Обуки

ИМОР и неговите членови нудат обука, поддршка и експертиза во низа области.
Обуките се наменети за ученици, млади и возрасни слушатели.
Информирајте се повеќе за областите за кои ИМОР нуди обуки поврзувајќи се на следниот линк.

Услуги

Здружението Интерактивна мрежа за образование и ресурси ИМОР нуди голема лепеза услуги во сферата на компјутерските, комуникационите технологии и мултимедијата, проектно базирано учење, формалното и неформалното образование, стручниот и професионален развој, раководењето со човечките ресурси, управуањето со организациите, менаџирањето со проекти, истражувања, консултантски услуги и инженеринг.