Цели

Младите имаат збор против тероризмот
МЛС на проектот: noterrorism@imor.org.mk
УРЛ на проектот: http://www.imor.org.mk/programmes/noterror

Општа цел:

  • Младината од Албанија, Косово и Македонија го крева својот глас против тероризмот во регионот со вклучување на исклучените и маргинализирани групи, со цел да се поттикне дијалогот и да испрати порака за мир и толеранција.

Специфични цели:

  • Да се подигне свеста за проблемите што може да ги создаде тероризмот со користење на ИЦТ;
  • Да се опфатат групите кои што биле/се под притисок во пост-конфликтните региони користејќи информациони структури;
  • Да ги вклучат раселените млади луѓе од поширокиот регион за да се слушне нивниот глас;
  • Да се поттикне интер-етнички дијалог во регионот;
  • Да се допринесе во редуцирањето на интер-етничката тензија во регионот со организирање на работилници/собирања за разрешување на конфликти вклучувајќи млади од Албанија, Косово и Македонија;
  • Да се организра размена на идеи, материјали, содржини, млади луѓе и персонал;
  • Да се изгради мрежа на младите и возрасните од Албанија, Косово и Македонија што ќе ги ценат и негуваат вредностите од овој проект и ќе ги пренесат во пошироката заедница;
  • Да ги развие ИЦТ и медија базирани содржини (ЦД, веб страна, видео лента) со цел за да се споделат резултатите од придобивките на дијалогот;
  • Да се допринесе во спосбноста на младите луѓе да соработуваат и да се охрабри социјални инклузија, мулти-културната свесност и интер-етничката толеранција;
  • Да се соберат и публикуваат на Интернет настани, активностите и различните агенда кои што се случуваат во регионот и кои што се во врска со борбата против тероризмот.

Целни групи:

  • Младинци на возраст 13-20 години од Албанија, Косово и Македонија
  • Наставници од Албанија, Косово и Македонија.

Корисници:

  • Директни:
    • Млади луѓе на возраст 13-20 години од Албанија, Косови и Македонија
  • Индиректни:
    • Наставници од Албанија, Косови и Македонија
    • Заедници во кои што овој проект ќе биде активен, и пошироко по дисеминацијата.