Декларација на младите

ВНИМАНИЕ: Оваа Декларација на младите е МНОГУ важен документ. Вие ќе треба да ја ПРОЧИТАТЕ и доколку се согласувате со овој текст ВЕ МОЛИМЕ пишувајте ни на: noterrorism@imor.org.mk и кажете ги вашите впечатоци. Ископирајте го овој Глас на Младите и покажете им го на вашите родители, тетки, вујковци, брачеди... на сите ваши другари (пријатели), наставници и информирајте не за СЕКОЈ кој што ќе се согласи со:

ДЕКЛАРАЦИЈАТА

Ние, младите луѓе од различни земји/територии (Албанија, Македонија и Косово) собрани заедно, го креваме својот глас против сите видови на терор и тероризам.

Денес, ние сме заедно здружени посилно од било кога за да ја искажеме јасно и силно нашата порака "Не дозволувајте му на тероризмот да не повреди нас и да продолжи да ги уништува нашите животи и нашата иднина!"

Ќе започнеме со искажување на нашиот став во врска со тероризмот: "Нездраво и себично е некој да ги постигнува целите преку ширење насилство!"

Ние сите знаеме некои од причините и повеќето од последиците од тероризмот и сакаме на сите да им порачаме дека сме заситени од тоа! Дури иако ја немаме моќта, која ја имаат политичарите, ние ја имаме желбата и намерата на младите луѓе да му се стави крај на тероризмот.

Ние сме движечка сила и иднина на нашите општества; ние ќе се бориме за нашите животи; и нашите гласови ќе растат посилно споредено со постоечките типови моќ.

Тероризмот се храни од вниманието на луѓето. Ние сметаме дека медиумите треба да се многу сензибилни за да придонесуваат во борбата против тероризмот. Медимуите не треба да му помагаат на тероризмот известувајќи за настан најбрзо, иако тоа може да биде извртена приказна или дури да им овозможи да добијат пари.

На младите им треба поддршка од властите, нешто што е значајно и потребно - уште еден начин да се минимизира ова зло.

Ние заслужуваме шанса да живееме во мир и слобода, да имаме подобар живот, за нас и за следните генерации. Имајќи ги ова во вид, ние, младите луѓе од Македонија, Албанија и Косово, здружени зедно, ги повикуваме другите да не го поддржуваат тероризмот во светот, да најдеме најмирољубиви патишта за справување со него преку непоттикнување на конфликтите и со ценење на другите култури, раси и религии.

Затоа, ние ги покануваме сите заинтересирани индивидуални лица, претпријатија, организации, институции и други заинтересирани страни од сите земји на светот - Ајде да ставиме крај на тероризмот, да направиме подобар свет без војни и конфликти, свет во кој секој може да живее слободно.

Млади луѓе од Македонија, Албанија и Косово

Врати се во Резултати