Обука во Скопје
24, 25 и 26-ти јануари

Учесници на обуката што се одржа во Скопје, беа млади луѓе и нивни наставници од Македонија и Албанија. Групата од Косово поради објективни причини нне беше во можност да ја следи обуката. Обуката за нив се одржа покасно на 09.03.2003. Целта на обуките беше да ги обучи младите луѓе и нивните наставници да ги разменат нивните знаења кога ќе стигнат во нивната домашна околина на минимум 2 групи со 15-20 луѓе. Работата на оваа средба се развиваше по следниот редослед.

  1. Претставување. Кршење на мразот.
  2. Работилница со неприсилена комуникација и разјаснување на конфликтите
    • Што е работилница на добра воља
    • Јас сум јас, и кој си ти?
    • Јас ти зборувам, и ти не ме слушаш
    • Договорот вреди пари
  3. Проектно базирано учење. Работење на он-лине проекти.
  4. Точни(правилни) е-маил комуникации.

Претставување. Кршење на мразот.
Учесниците си дадоа меѓусебно волнена топка, изговарајќи го името на учесникот кој што требаше да ја фати волнената топка. Секој кој што на крајот ќе ја добие волнената топка ја затегнува така што ќе направи мрежа што ја симболизира врската помеѓу учесниците во групата. Сем тоа, тие побрзо ги научија нивните имиња.

Што е работилница на добра воља.
Во оваа работилница учесниците ќе се сретнат со светскиот конфликт. Ќе биде формирана група на учесници кои што ќе зборуваат за изворите на нивните имиња и ќе ги откријат нивните други случувања и навики помеѓу себе. Оваа работилница им помага на учесниците подобро да се претстават себеси и да бидат поблиски едни со други. Главна активност на работилницата е да ги подели учесниците во две посебни групи со име за секоја група, и потоа од имињата на сите групи да направи едно име за сите учесници во работилницата.

Јас сум јас, и кој си ти
Целта на работилницата е да ги претстави еднаквостите и различните работи пмеѓи нив самите и меѓусебно, совест за различни работи и сличноси и прифаќања. Низ овој процес учесниците се обидуваат да ги прифатат нивните индивидуалност и индивидуалноста на другите. Учесниците со исти навики добиваат беџ со различни бои и облик. На крајот од работилничката работа секој учесник има своја колекција од беџови кои што ќе ги залепат на хартија креирајќи своја сопствена лична карта. Личните карти потоа се поклопуваат и потоа се најдени сличностите и разликите работи помеѓу учесниците.

Јас ти зборувам, и ти не ме слушаш
Во оваа работилница за неслушнувањето на нивниот партнер се смета за недоразбирање во комуникацијата и внимателно слушање како можност на добра комуникација. Главната актиност во оваа работилница е поделена на де групи А и Б на кои независно им била зададена задача. Учесниците од А групата избра важно и добро искуство кое што би сакала да го подели во групата Б. Учесниците во групата Б добиваат задача да не го слушаат нивниот партнер од групата А. Потоа секој учесник од групата ќе го опише непријатното чувство кое што го имал поради тоа што не бил послушан (ислушан) од нивните партнери.

Договорот вреди пари
Оваа работилница ги опишува борбата на интересот како причина за недоразбирање и нуди повеќе можности за компромис и разјаснување за истите проблеми. Учесниците се поделени во мали групи и тие се претставени со предмет на организирање на група за патување. Секоја група има различни желби за местото каде што сакаат да патуваат и тие ќе се скараат за нивниот интерес. Во наредните фази тие ќе го разрешат конфликтот (недоразбирањето).

Проектно базираното учење. Работа на он-лине проекти.
Учесниците бееа претставени со метод на проектно базирано учење кое е искористено како тип на работа во овој проект. Многу Њеб страни се посетени на интернет давајќи јасна слика на можностите со овие методи што е базирано на оваа обука. Учесниците ќе одберат два предмети на кои што тие ќе работат он-лине:

  1. Тешко е да си млад и разбран
  2. Врска ученик-наставник

Точна е-маил комуникација
На крајот од обуката на учесниците тие ќе имаат насоки за основните преавила кои се почитувани со работата на маил листата и е-маил комуникацијата, со цел лесно и точно меѓусебно разбирање.

Врати се во Настани