Приказни и Изјави
После настанот во Охрид:
- Јас сум многу среќна затоа што имав шанса да бидам на овој семинар. Научив работи за војната, конфликтите, тероризмот и како можеме да се одбраниме од него. Научив дека пријателството, разбирањето и толеранцијата помеѓу различните етнички групи иако е мал чекор, но многу важен чекор кон мир и без конфликти.
Ана Марковска од Македонија
- Јас сум Петре Марковски, татко на Христина Марковска. Јас сум задоволен поради тоа што мојата ќерка е дел од организацијата "ИМОР". Исто така јас сум задоволен од организацијата зошто борбите против тероризмот бидејќи светот страда поради тоа и јас мислам дека гласот на младите луѓе ќе направи да се запрат војните.
Петре Марковски од Македонија
- Јас сум Пандора Марковска мајка на Христина. Јас сум задоволна поради тоа што мојата ќерка е дел од организацијата "ИМОР". Исто така јас сум задоволна од организацијата зошто борбите против тероризмот во светот. Со оваа организација се мисли дека последиците се пренесуваат на младите луѓе, дека со тероризмот не се добива ништо сем лоши работи и тоа е погрешно. Преку оваа организација ние сфативме дека теба да живееме со секој без разлика на националноста, расата, и полот на кој што му припаѓа.
Пандора Марковска од Македонија
- Навистина уживав во работилницата. Тоа беше одлично искуство за мене. Научив не само да работам во групи, туку научив и како да најдам начин да комуницирам со други пријатели, да ги делам нашите идеи, да знам повеќе за нивната земја и нивниот живот и на крај беше забавно.
Јас мислам дека проектот беше добра идеа посебно за нас. Таму ние научивме многу нови работи и што е најважно ние го кренавме нашиот глас за мирен свет. Во овие три земји ние имаме видено терор со сопствени очи. Една работа која што е многу видлива овде во Албанија е осветата против која ние мора да најдеме начин да се бориме. Во проектот ние стекнавме нови пријатели, ги делевме нашите идеи за неколку проблеми, научивме да работиме во тимови и да соработуваме. Овај проект беше достигнување за секој и учење на многу нови работи. Се надевам дека проекти како овај ќе бидат почесто правени.
Естела Фото од Албанија
- Јас сум многу среќна што имав можност да учествувам во работилниците. Тоа беше ново искуство за мене и исто така незаборавно. Целата оваа недела разговарав со многу луѓе и им кажав за ова прекрасно искуство. Ние, младината, сме само една неодвоива
работа.
Албана Шијаку од Албанија
- Го ценам начинот на изразување и кревање на гласот како еден и обединети. Оваа декларација може да одигра многу важна улога во променувањето на ситуацијата во нашите земји и се надевам во целиот свет. Исто така се гордеам дека младината од мојата земја имаше шанса да го искаже нашиот глас таму. Би сакал да додадам нешто на оваа декларација: "СТОП, да побараме мирен начин за решавање на проблемите, да заборавиме на дискриминациите. Без разлика дали сме бели или црни, Муслимани, Православни, Католици, ние живееме во еден свет и под едно небо.
Куштрим Весели од Приштина
- Ја гледам оваа декларација како важен чекор кон мирот на нашите земји и исто така кон светскиот мир. Ми се допаѓа декларацијата таква каква што е и ја поддржувам.
Греша Коњуфца од Приштина
- Среќен сум и горд дека моите браќа се членови на таа група која што ја напиша оваа декларација, исто така среќен сум дека сега и се надевам засекогаш ќе работиме заедно како еден и обединети, бидејќи обединети ние ќе бидеме посилни. Ја прочитав декларацијата и се што е напишано таму е вистина и нас ни е смачено од убивање на невини луѓе и постигнувањето на целите со одземање на нечиј живот. Се надевам дека вашата работа ќе продолжи и ви посакувам многу успех и среќа.
Арбен Зејнулаху од Приштина
- Здраво на сите, се надевам дека не не заборавите нас (Приштина) бидејќи не ви пишавме воопшто но одлучив да ви пишам и на сите многу да ви се заблагодарам за целата работа која што вие и ние ја направивме заедно. Настанот во Охрид имаше многу значења, можевме да видиме и да разбереме тека постојат многу различни начини на решавање на проблемите и тоа не е само начин на борба за постигнување на целите па јас сум многу среќен да бидам во таква група што работи и мисли за светот и исто така им посакува најдобро на другите луѓе од светот. Се надевам дека наскоро ќе се видиме на истото место, но зборувајќи за нашите достигнувања, се надевам дека ќе го достигнеме тоа што го посакуваме.
Донат Зејнуллаху од Приштина
- Јас сум Миле Пешевски, родител на Александар кој што е ученик во Ветеринарното Училиште "Браќа Миладиновци". Се чувствувам среќен и задоволен што мојот син е дел од "ИМОР" што зема учество во борбата против тероризмот. Ова е особено важно бидејќи во последно време тероризмот е во нашата земја и во целиот свет. Јас сум задоволен поради фактот дека ИМОР организира интернационална размена (како во Охрид) каде што младите се спријателуваат со врсниците од други земји, од други националности и различни вероисповести.
Проф. Миле Пешевски од Македонија
- Мислам дека средбата во Охрид беше добро искуство бидејќи учениците, самите имаа храброст да ги изразат отворено и слободно нивните мислења за тероризмот. На оваа средба тие имаа шанса да ги сретнат нивните соученици од Косово и Македонија со кои што поделија исити и различни мислења за тероризмот. Би сакал да го изразам моето сопствено мислење дека вакви средби треба да бидат организирани во ид нина бидејќи тие ќе им помогнат на учениците во стекнувањето нови искуства, расправајќи различни теми поврзани со нашата реалност. Најпослем дозовлете ми да го изразам моето внимание и почит за организациите.
Петрит Кодра од Албанија
- Здружувањето заедно на младите од три соседни земји (Албанија, Косово и Македонија) и дискутирајќи една од најважните и најтешки теми како тероризмот, имаше позитивен ефект не само на учесниците. Треба да има повеќе и повеќе срдби како оваа, како младите би можеле да се соочат со овој голем проблем. Само младината може да да го подобри светот.
Ризван Шијаку од Албанија
- Па, јас мислам дека ова беше извонредно искуство. Албана ми кажа дека беше одлично сознание дека сите момчиња и девојчиња на средбата имаа речиси исто мислење за тероризмот. Друга важна работа беше изградувањето на нови пријателства восамо два дена и чувствување како дома. Ќе речам само им честитам на организациите кои што ја достигнаа нивната цел!
Лиљана Имери од Албанија
- Кога Албана се врати од семинарот беше поголем оптимист за иднината. Таа ми рече " Младината може да направи толку многу, ние можеме да го измениме светот!" Таа беше многу изненадена што дозна дека младите низ целиот свет поделија исти соништа и мислења за иднината и тероризмот. Овие мислења треба да бидат организирани само на овој начин ние можеме да направиме промена бидејќи на овој свет му треба промена!
Линдита Шијаку од Албанија
- Ја прочитав декларацијата што младите ја создадоа работејќи на пректот "Младите имаат збор против тероризмот" и целосно се согласувам и ја поддржувам нивната борба. Бев присилен да го преместам и напуштам мојот дом во западниот дел од Македонија, поради тероризмот. После долг период на прогонување и измачување ние бевме присилени да го напуштиме нашиот дом. Само луѓето кои што страдаат од овие трауми ја знаат болката во душата што ја носи човекот преместен од неговиот дом во кој што ги остава сите спомени од неговото минато. Само тие знаат колку е тешко да се живее во туѓ дом, без твоите соседи и познати лица, без старите работи кои што го прават твојот живот. Читајќи ја декларацијата добив надеж дека сеуште постои можност за младите луѓе да направат позитивни промени во нашата територија, да завладее мир, за да можеме повторно да се вратиме во нашите домови.
Соња Костова од Македонија
- Ја прочитав декларацијата на младите во Македонија, Албанија и Косово за време на нивната работа на проектот за борба против тероризмот. Тоа ме прави да размислам - "Зошто постои тероризмот?" "Зошто ме прави раселена личност?" Дали тероризмот постои бидејќи луѓето се премногу мрзливи да работат чесно, па го користат како единствена опција за достигнување на животот? Во тој случај тероризмот не е ниту патриотско чувство, ниту борба за некои идеи, туку интерес за кој само личности со искривена слика за светот можат да го направат тоа. За нив тероризмот е БИЗНИС во кој што тие како лидери стануваат богати, и актерите трагично умираат. Изјавите во оваа декларација ќе им ги пренесам на луѓето околу мене со цел да се создадат услови за мир и слобода заедно.
Саво Крстевски од Македонија
После локалната дисеминација во Кочани:
- Ми се допадна што се сретнавме со овие работилници и тоа беше интересно. Моја омилена работилница беше "Ние Сме Исти, Различни, Посебни".
Дафинка Јефремова од Македонија
- Овие работилници беа многу интересни и многу се изнасмеав. Тие ме направија да се чувствувам добро, и во исто време бев фокусиран на секој детал за секој од нас.
Горан Захариев од Македонија
- Овие работилници изгледаа како да се за деца, но морам да признам дека бев импресиониран и уживав во нив. За мене, најинтересна работилница беше "Кој си ти" и "Лични Карти".
Лазар Крстев од Македонија
- На почеток, бев пасивна. Само седев и ги гледав останатите кои што работеа нешто. Послем малку време видов дека работилниците се навистина интересни и почнав да работам како и другите. Бев тажна кога завршија работилниците, сакав уште!!!
Елена Љубомировска од Македонија
- Беше cool! :))
Иван Јанкуловски од Македонија
- Ми се допадна работилницата со "поврзување на луѓето - мрежа". Уживав во неа, како и во другите работилници. За мене, најважна работа е дека без оглед каде си, кој си, ти си човечко суштество и поврзано со сите луѓе на оваа планета.
Влатко Велинов од Македонија
- Незнам што ќе речат другите за овие работилници, но за мене, морам да признаам дека МНОГУ се смеев на работилницата "Јас ти зборувам - ти не ме слушаш". Тоа беше навистина забавно и интересно!
Благој Митевски од Македонија
- Покрај тоа што работилниците беа интересни и забавни, научив многу работи. На пример, сега знам како полесно можам да им ги запаметам имињата на моите нови пријатели, и исто така научив како да го користам мојот рефлекс со работилницата "Секој кој што има... сменете ги вашите места". Тоа беше одлично!
Дарко Китанов од Македонија
- Незнам што да речам за ова, но знам една работа: Беше неверојатно! Моја омилена работилница беше онаа, со "мрежата".
Златко Постолов од Македонија
- На почетокот бев збунета. Си мислев дека обучувачите се смеат (зафркаваат) со нас, но потоа сфатив дека работилниците всушност беа супер! "Направен договр" беше многу интересна! Тоа е се што можам да кажам за ова.
Анита Китанова од Македонија
- Мислам дека треба да правиме повеќе работилници. Кога започнавме помислив: "Охоо, ова ќе биде интересно!!" и во право бев. Cool!
Петар Крстов од Македонија
- Навистина сакам да правам договори со луѓето за се. Затоа ми се допадна работилницата "Деал'с њортх". Уживав во расправиите! Исто така, многу ми е мило што подобро се запознавме меѓусебе, и сега знам повеќе работи за моите пријатели.
Александар Русески од Македонија
Врати се во Резултати
|
|