ДОБРОДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
 
 
    
          
ТЕЛЕКОЛАБОРАТИВНИ ПРОЕКТИ

 
   
 

 

 
 
 
 
 
 
 

 

Телеколаборативни проекти - отварање нови можности и проширување на перспективите


 


За проектот


Интерактивната мрежа за образование и ресурси - ИМОР, повеќе од 6 години е пионер во воведување и поддршка на образовните и развојните проекти во Македонија. Интерактивната природа на нивниот пристап кон учењето им овозможува отворање на нови видици на учениците од нашата земја. Пошироко, користејќи нови методи на колаборативно проектно учење им дава можност на младите луѓе да направат разлика во рамките на една земја и во светски рамки со посредство на телекомункациите. Овој проект е овозможен со великодушна поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите американски држави (УСАИД), а во партнерство со Центарот за развој на образованието (ЕДЦ) кои го реализираат проектот е-школо.мк. Во рамките на овој проект е организирање и одржување на обуки за наставниците од средните и основните училишта ширум Македонија, преку кои наставниците се стекнуваат со неопходните вештини за примена на компјутерската технологија во наставата. Од тие причини ИМОР има за цел да даде придонес на мрежата на е-школо во Македонија во програмскиот дел, да го прошири опфатот и допре до локалната заедница, на ниво на државата и на светско ниво, преку соодветни телеколаборативни проектни активности и адекватна содржина користејќи метотологија на on-line колаборативно учење. Тоа е причината поради која ИМОР во блиска соработка со е-школо.мк проектот ги разви проектот Телеколаборативни проекти - отворање нови можности и проширување на перспективите.

 

Овозможено од великодушната поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), а во партнерство со Интерактивна Мрежа за Образование и Ресурси (ИМОР)