Скопје низ вековите

 
 

Историски развој на Скопје

 
 

Скопје град на хуманоста и солидарноста

 
 

Природни убавини:

 
 

Водно   |   Матка

 
 

Обележја на Скопје:

 
           Камени мост   |   Кале    
 

Стара Скопска чаршија

 
           Музеј на старата чаршија  
 

Културни збиднувања

 
          Занимливости:
        Љубов на стар скопски начин
 
 

 ПОЧЕТНА  |  СКОПЈЕ, МОЈ, ТВОЈ, НАШ ГРАД   |  НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ ВО МАКЕДОНИЈА  |  ГАЛЕРИЈА

 
     
 

Тврдина Кале

 
 


Скопската тврдина Кале е сместена на високот рид наречен Градиште, над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.
Историја
Како највисока точка во градот, калето одсекогаш било ценето од локалното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Најраните познати жители на местото живееле во Неолитот и раното Бронзено доба, 4,000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во Византиско време (6-ти век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи.
Конзервација и реставрација
Заради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многу пати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963 кружните и квадратните кули на тврдината биле конзервирани и реставрирани.
Тврдината денес
Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Тврдината нуди фантастичен поглед на градот како и можност да се дојде до стариот турски дел од градот за неколку минути. Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави.
 

 
     

СУГС „Браќа Миладиновци“

 
       
   

 
 

copyright@

imor.org.mk