Скопје низ вековите

 
 

Историски развој на Скопје

 
 

Скопје град на хуманоста и солидарноста

 
 

Природни убавини:

 
 

Водно   |   Матка

 
 

Обележја на Скопје:

 
           Камени мост   |   Кале    
 

Стара Скопска чаршија

 
           Музеј на старата чаршија  
 

Културни збиднувања

 
          Занимливости:
        Љубов на стар скопски начин
 
 

 ПОЧЕТНА  |  СКОПЈЕ, МОЈ, ТВОЈ, НАШ ГРАД   |  НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ ВО МАКЕДОНИЈА   |  ГАЛЕРИЈА

 
     
     Историски развој на Скопје  
 


Скопје, главниот град на Република Македонија, зазема средишна положба на Балканскиот Полуостров.
Според некои археолози и историчари, просторот на Скопје најпрвин бил населен од племео Пеонци (од 
XII век п.н.е. па се до доаѓањето на римјаните, во 168г.). Од нив потекнува името Скупи (колиба, засолниште, стреа).
Продорот на западната цивилизација  во  Скупи е поврзан со римската војска. Градот Скупи, всушност, се развил од легиски логор. Во подоцнежните децении и векови, Скупи се спомнува многу ретко. Тоа прв го прави географот Птоломеј, во
II век пред нашата ера.
Во 518год катастрофален земјотрес до темел го уништил Скупи, престолнината на Дарданија, но оваа природна катаклизма не го поколебала населението на Скупи и набрзо бил подигнат новиот град Јустинијана Прима во 535год. Името го добил поголемиот византиски император Јустинијан 1 (483-565), кој се родил во непосредна близина на денешно Скопје. Во негова чест биле подигнати бројни раскошни градби: резиденции, водоскоци, палате, плоштади, водоводи и други значајни објекти. Тогаш образувана автокефална архиепископија Јустинијана Прима (535-565год.).
Набргу по смрта на императорот Јустинијан   во овие краишта се населуваат словените останувајќи засекогаш на овие простори.
Со незадржливиот продор на Словените на Балканот, во 694-695год. словенското племе Берзити (Брсјаци) го зазема градот и му го дава денешното име Скопје.
Во следните три столетија нема пишани траги за судбината на градот, се до крајот на
X век, кога е создадена првата македонка држава, царството на Самуил (976-1014), кое што се протегало на речиси целиот Балкан.
Во рамките на Самуиловото царство, и Скопје бележи свој развиток. Но, по трагичниот крај на Самуил, по битката на Беласица (1014, животот во градот повторно станува многу тежок.
Во 1392год. Скопје потпаѓа под власта на Отоманската Империја и го добива името Ускуп. Судбината на Македонија е и судбина на градот Скопје. Градот чмае и постепено замира. Сепак, не за долго. Новата воено-стратегиска положба станува решавачка.
Се формирааат и се развиваат градските квартови- маала, со карактеристично станбена архитектура и се развива богата чаршија во која што разновидните занаети имаат посебни улици-чаршии. Тука се и големиот број верски објекти, џамии, текии. Скопје одново заживув и се издига како стопански, а подоцна и како политички центар. Во 1469год. во н его е изграден безистен, со многу дуќани и карван-сараи, во кои свраќале трговци и патници: Арапи, Евреи, Грци, Дубровчани, Венецијанци и др.
Во 1555год. Скопје го погодува нова катастрофа. Земјотресот разурнал голем број куќи , но граѓаните- навикнати на пустошења, грабежи и на други неволји, набргу го обновуваат градот.
Некои историчари запишале дека меѓу
XV и XVII век Скопје е еден од побогатите градови на Балканот, а според “вакувските” белешки, Скопје бил вториот по големина најбогат град во еропска Турција.
Престижот на градот, како стратешки комуникациски центар, нараснува дури за време на Наполеоновата империја, во почетокот на
XIX
век. Поради економската блокада на Европа и војната на Американскиот Север и Југ, како и поради недостигот на памук во европа, Наполеон бил принуден да бара нови патишта и земји со кои што ќе тргува и од каде што ќе се снабдува. Наоѓајќи свои трговски партнери во земјите од Средниот Исток, Наполеон го открива патот низ Скопје-како најкус и најпогоден. Патот минува низ Струмица, Велес и Скопје, а поради памукот што бил пренесуван од Исток за потребите на француското царство тој бил наречен бел пат.
Бескрајни шарени каравани, натоварени со најразлични стоки минувале низ оваа копнена врска на Блискиот Исток со Европа. Ова придонело за брзиот економски растеж на Скопје, каде што се среќавале тргоците од голем број земји. Се развива занаетчиството, а особено преработувањето на памукот.
Во 1836-37 г.во Скопје се отвара првото јавно словенско училиште. Во Скопје работеле и Средното женско училиште и Учителската школа.
Во овој период од надворешни туѓи пропаганди, а како резултат на нараснатата револуционерна борба на македонскиот народ во 1893 во Солун е формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО).
Двете Балкански војни (1912-1913) ја изменија ситуацијата на Балканот, но не и донесоа слобода на Македонија. Турските војски беа протерани од Скопје на 12 октомври 1912, но заедно со градот под српска власт остана и цела Вардарска Македонија.

 

 
     

СУГС „Браќа Миладиновци“

 
       
   

 
 

copyright@

imor.org.mk