Скопје низ вековите

 
 

Историски развој на Скопје

 
 

Скопје град на хуманоста и солидарноста

 
 

Природни убавини:

 
 

Водно   |   Матка

 
 

Обележја на Скопје:

 
           Камени мост   |   Кале    
 

Стара Скопска чаршија

 
           Музеј на старата чаршија  
 

Занимливости:
Љубов на стар скопски начин

 
     
 

 ПОЧЕТНА  |  СКОПЈЕ, МОЈ, ТВОЈ, НАШ ГРАД   |  НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ ВО МАКЕДОНИЈА   |  ГАЛЕРИЈА

 
     
 

Водно

 
 


Планината Водно е сместена во северниот дел на Скопската котлина. Водно има поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпосетуваната локација во Македонија градот Скопје. Водно поточно се наоѓа на 21◦30` ИГД и 41◦ 35` СГШ.
Највисоката точка на Водно изнесува 1066 метри, и името на врвот е по самото име од планината Водно.
Клима
Климата на Водно е пријатна, типично планинска. Во различни периоди од годината климата е многу различна така да средната температура е 23 С. Најниската измерена температура во месец јануар 2005 год. изнесувала -15 С о , а највисоката измерена температура во месец Јули 2005 год. изнесувала 43 С.
Хидрографија
Водно има разновидна хидрографска мрежа. Од хидрографијата на Водно можете да пронајдете потоци, подземни води, водопади, извори ...
На Водно има многу потоци кој овчарите ги користат за напојовање на стоката и делумно за наводнување на дивите костени.
Водно може да се пофали со еден мини-водопа
д од страна на селото Долно Соње кој е висок окулу 15 метри и е поактивен на пролет, кога се топи снежната покривка.


Растителен и животински свет на Водно
Од растителниот свет на планината Водно може да се сретнат зимзелени и листопадни растенија.
Од листопадните растенија на Водно најзастапен е дивиот костен , но има и бреза, липа, даб, габер ...
Од зимзелените растенија кои се во поголем број од листопадните, најзастапен е борот кој го има и на двете страни од планината Водно.Со помала застапеност е и смреката, а има застапено зеленика и елки кои се со незначителен број.
Претставници од животинскиот свет се следниве :
Ситни животни:
Еребица, зајак, лисица, верверица, куна, змии, птици од помал вид, инсекти
Крупни животни:
Дива свиња, срни, елен, волк


Споменици • Милениумски Крст • Голем Камен • Воени пештери од 1940 • Руинирани куќи од 1944 • Напуштени воени објекти од 1950 и црквите се културно-историско-верско наследство кое опстанало со години. Постарите цркви се многу привлечни за странските туристи и делумно и за нашите. Црквите се привлечни бидејќи ја имаат зачувано својата автентичност со тоа што не се реконструирани, токму тоа наидува на позитивна оцена кај туристите. Манастирите се споменици на културата и туристичко угостителски објекти. Од една страна тие се споменици, а од друга страна место за престој. Манастирите се посетуваат со многу цели од кои јас потенцирам некои : староста на објектот, староста на фреските, иконите и иконостасот, се доаѓа со цел да сè преспие и да воспостави црковна медицина односно со пример: Ако неплодна жена преспие во манастирорт Св. Трифун на некој празник таа станува плодна. Манифестациите се доста посетувани од локаното население бидејќи случувањета се од забавен карактер и културно-уметнички кои се интересни на популацијата. Спомениците се најпосетуваните локалитети и тоа да го извоиме Милениумскиот крст које еден од најпривлечните атракции во Европа.Милениумскиот крст е изграден по повод 2000 години од раѓањето Христово.

 

     

СУГС „Браќа Миладиновци“

 
       
   

 
 

copyright@

imor.org.mk