... музиката секогаш поблиску до тебе
Класични инструменти

Пијано

Гранд пијано со подигнат капак. Најголемиот број на пијана се околу 150 cm широки. Гранд пијаната како „бебе гранд“ пијаното на оваа слика се исто толку долги колку што се широки, но концертниот гранд може да биде до 3 m долг.

 

   

Пијано или „пијанофорте“ е музички инструмент со клавијатура кој произведува звуци со користење на чекани кои удираат на челични жици. Чеканите се обложени со ткаенина и после ударот веднаш се враќаат во позиција за да им дозволат на жиците да вибрираат. Овие вибрации потоа се пренесуваат преку мостот до резонантната даска каде што се зголемуваат по силина.

Пијаното се користи нашироко низ западната музика за солистички или концертни настапи. Мошне е популарен како алатка за компонирање и вежба. И покрај тоа што не е преносен ниту пак евтин инструмент, разноличноста и раширеноста го имаат направено еден од најпознатите инструменти.

Зборот „пијано“ е скратена верзија на зборот „пијанофорте“ кој ретко се користи освен во формални прилики. Зборот е по потекло од италијанското име на инструментот, gravicèmbalo col piano e forte (буквално: чембало со меки и гласни). Ова значи дека пијаното може да произведе ноти со различни гласини во зависност од тоа колку брзо се притиска врз клавишот.

 


Флејта

Флејтата е дувачки музички инструмент. Во поширока смисла на зборот, флејтата е цела серија на дувачки инструменти кои постоеле и постојат низ целиот свет. Музичарот што свири на флејта се вика флејтист. Звукот на флејтата настанува како резултат на струењето на воздухот низ отворите.

По држењето, разликуваме два основни вида на флејти: вертикална флејта (блок флејта), и хоризонтална флејта. Кај хоризонталните флејти, влезниот отвор не се наоѓа на врвот на цевката, туку нешто пониско, на странична страна, и во него се дува откосо за да се образува писка, бидејќи овој тип ја нема (за разлика од вертикалните флејти), и се дува во т.н. прозорче. Изведувачката техника е многу развиена и ова е еден од најфлексибилните и највиртуозните инструмент. Исто така, флејтата и експресивен инструмент, со благ и светол, идиличен звук.

Флејтите се изработуваат од најразлични материјали: коска, дрво, камен, метал, пластика, итн.


Претходна Следна