... музиката секогаш поблиску до тебе
Народни инструменти

Kавал

Mакедонски народен дувачки инструмент отворен од двете страни, изделкан од едно јасеново парче и орнаментиран низ целата должина. Овој инструмент има 7 дупки за прстите на лицето и една за палецот на опачината. Дупките се рамномерно распоредени (со 2 см раздалеченост), со тоа што шестата дупка е отприлика при средината на инструментот.

При свирење, кавалот се држи со двете раце под агол од околу 45° во однос на телото, со тоа што четири прста од едната рака работат со долните купки, а со горните три дупки и задната палечна дука работи другата. Устата покрива 34од крајот на кавалот.

Додека во минатото ова бил овчарски инструмент, денеска се користи во народни песни и ора како дел од ансамбл или соло.. Кавалот обично стои на дрвен држач (арбија), кој го штити од искривување и ја чува внатрешноста замастена.


Зурла

Зурлата е македонски народен дувачки инструмент направен од оревово или сливово дрво. Се состои од два дела: конусна цевка и славец кој се вметнува во горниот крај.

Зурлата има седум дупки и една палчена дупка од задната страна, како и издувни дупки при долниот дел и трска со диск на горниот.

При свирење, зурлата се држи со двете раце под агол од  45° во однос на видното поле. Прстите од левата рака работат со долните четири дупки, додека прстите од десната работат со горните дупки и палчената дупка. Сплесканата трска се става цела во устата, а усните се допираат со металниот диск (медник) кој им помага на образните мускули. За свирење на овој инструмент потребна е техника на кружно дишење.

Зурлата свири две октави од приближно природната скала.

Овој инструмент има карактеристичен, многу гласен и продорен звук и речиси секогаш е придружувана од тапани. Стандардна комбинација се две зурли и два тапана.


Дудук

Дудукот е македонски народен дувачки инструмент, со зарамнет крај. Се прави од дреново, јаворово или други дрва и го има во две големини: 700-780мм и 240-400мм (дудуче).Свирењето на дудукот е прилично лесно, и затоа е широко застапен низ Македонија.

  Звукот му е чист и пријатен. Дудукот свири две октави, со дијатонички и хроматски тонови. При свирењето, истиот се држи вертикално пред телото.


Гајда

Гајдата е двогласен македонски народен дувачки инструмент кој се состои од:

  • гајдарка, која се прави од дреново дрво. Гајдарката има седум дупки на лицето и една дупка за палецот на опачината. На крајот на цевката се прикачува славец,
  • брчало, бучало или рог кое е направено од три дела кои се спојуваат. Истото произведува континуиран тон (вториот глас),
  • дувало поврзано со мевот,
  • мев, направен од штавена овча или козја кожа.

Гајдата се држи под рака (мевот се дополнува со воздух од време-на време). Гајдарката се држи со двете раце, така што прстите од левата рака работат со долните 4 дупки, додека горните три и палечната дупка се работат со прстите од десната.

Брчалото се префрла преку рамо, преку десната рака или може да виси.


Претходна Следна