... музиката секогаш поблиску до тебе
Народни инструменти

Шупелка

Шупелката е македонски народен дувачки инструмент сличен на кавалот (отворен од двата краја), со исклучок на тоа што шупелката е пократка (240-350 мм). Се прави од оревово дрво, дрен, јасеново или јаворово дрво.

Овој инструмент има шест дупки и е стеснет при горниот крај. Се свири со трите средни прста од двете раце и се држи под агол од 45. Се користи за солистички импровизации како и заедно со други инструменти.


Тапан

Тапанот е македонски народен ударен инструмент направен од буково, оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач.

Тапанот се свири со две посебни палки: кукуда и прачка.

Кукудата се прави од оревово дрво и по облик е нешто налик на луле. Прачката пак е тенка, и обично се прави од кучешки дрен или врба.

Тапанот е предвиден да ја издржи тежината на возрасен човек при изведбата на народни игри и ора. Кожите се затегаат со нагорно повлекување на јажињата, едно по едно.

 


Тамбура

Тамбурата е македонски народен жичен инструмент со долг врат и крушковиден облик, кој се прави од оревово дрво. Инструментот го донеле турците во Македонија во 14-тиот и 15-тиот век.

Тамбурата произведува метален и боцкав звук. Може да се свири соло или во ансамбл на македонска народна музика.

 


Дајре

Дајрето е македонски народен ударен инструмент кој се користи за одржување на ритам.

Мембраната на дајрето е направена од козја кожа оптегната врз дрвен обрач.

По работ на инструментот лабаво се поставени метални дискови во парови, кои призведуваат кус, кршлив звук кога свирачот удира по дајрето со рачниот зглоб и прстите.


Претходна Следна