банер

5R Концепт

5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.

5R концепт

Реупотреби (повторно
употреби, искористи)


Повторна употреба во домовите

Постојат многу нешта што можеме секојдневно да ги искористиме:

  1. Пластични кеси - пластичните кеси доволно се цврсти за да можеме да ги користиме повеќе пати. Кога ќе завршите со користење, можеме да ги дадеме за рециклирање.
  2. Картонски кутии - можеме да ги користите за складирање на различни работи.
  3. Мебел – со поправка кога тоа е потребно, ќе се користи подолго.
  4. Книги - кога веќе не учите од нив или сме ги прочитале, може да ги подариме. Чувајте ги вашите книги, бидејќи некој после вас може да ги користи.
  5. Облека - Внимателно однесувајте се со облеката, бидејќи таа може да циркулира во рамките на семејството.
  6. Чаршафи и крпи - дури и ако се скинати, можеме да ги користиме за чистење во домот или перење на автомобилот.
  7. Различни ситни предмети - постојат веројатно многу начини да ги искористиме, наместо да ги фрлиме во ѓубре.

Повторна употреба на предмети од домаќинството

Многу од работите кои сме ги користиме дома и веќе не се потребни може да ги дадеме да ги користат други луѓе, се разбира, ако се во добра состојба. Овие работи однесете ги на следните места:
Половни продавници (Second-hand) и добротворни организации - облека, обувки, чаршафи и крпи, мебел и предмети за домаќинството и апарати кои се во добра состојба.
Некои предмети може да ги замените со принципот стар-за-ново. Компаниите што вршат замена, старите предмети ќе ги поправат и повторно продадат или ќе ги употребат како делови за поправки. Најчесто може да се заменат:

Изнајмување

Изнајмување е одличен начин работите повторно да се искористат, уште повеќе, ако нешто ни треба само за кратко време. Промислете што можете да изнајмите:

Повторна употреба во другите земји

Луѓето од посиромашните земји често имаат помалку ресурси на располагање. Затоа мораат да најдат начин тие ресурси да им траат колку што е можно долго. Еден начин е повторна употреба на предмети за домаќинството, каде што се фрла само она што навистина е отпад. Најдобрата идеја на повторна употреба, може да се добие токму од луѓето од посиромашните земји. Тие доаѓаат до одлични идеи за тоа како да се заѓтедат ресурси и да се произведе помалку отпад.
Луѓето кои живеат во развиените земји почнуваат да сфаќаат дека повторната употреба на предмети во домаќинството претставува заштеда на ресурси.

 


© Web Design: UnaDesign